Ќе им помогне да се пласираат на Олимпијада, ама таму нема да игра

Светската ракометна федерација ги одложи квалификациските турнири за пласман на Олимписките игри во Токио.

На списокот на селекторот на Норвешка, Торир Хергеирсон, се најдоа и ветеранките Марит Фрафјорд и Кари Гримсбо, но доколку сега се играше турнирот тие немаше да играат.

Со одложувањето на натпреварите, се отвора можноста тие да бидат во ростерот, па Фрафјорд веќе најави дека ќе и помогне на Норвешка против Црна Гора, Романија и Тајланд.

Но сепак доколку Норвешка обезбеди место на ОИ, Фрафјорд нема да биде дел од тимот.