Camila MICIJEVIC (9) during the Women’s EHF EURO 2020 Norway, Denmark, Preliminary Round, Group C, Hungary vs Croatia, Kolding Arena, Kolding Denmark, 04.12.2020, Mandatory Credit © Stanko Gruden / kolektiff

„Ќана без мана“ останува во Мец

Репрезентативката на Хрватска, Ќамила Мичијевиќ го продолжи договорот со францускиот тим Мец до 2022 година.

Иако тимот од Франција планира намален буџет за следната сезона и потпирање на домашни ракометарки, Мичијевиќ би требало да биде главната карика на францускиот вицешампион во новата сезона.

По одличните настапи за репрезентацијата на Хрватска и освојување на третото место на Европското првенство во Данска, Мичијевиќ имаше голем број на понуди од моќни клубови, но сепак одлучи да остане во Мец.

Пред да пристигне во Мец, четири сезони го носеше дресот на поранешниот унгарски шампион, Дунајварош. За репрезентацијата на Хрватска има одиграно 43 официјални натпревари и постигнато 122 голови.