Јуниор КВ со прва победа – Печенковски и Петровски му пресудија на Куманово

После ремито во првото коло и во второто коло Куманово остана без триумф откако загуби на домашен терен од екипата на Јуниор Кисела Вода која ги освои бодовите со триумф од 23:27.

Гостите отворија со 0:2, но Куманово веднаш израмни и натпреварот продолжи со израмнета игра. Во завршните моменти од првиот дел Јуниор КВ успеа да обезбеди предност и замина на одмор со водство од 11:13.

Во продолжението сите обиди на Куманово да дојде до израмнување екипата на Јуниор КВ успешно ги одби и сигурно го водеше натпреварот кон победа. При 23-25 во финишот, стрелаа Петровски и Печенковски за крај на сите дилеми околу победникот.

Предводници во триумфот на Јуниор КВ беа Димовски со шест гола и Ристовски и Илиевски со по пет погодоци. Во тимот на Куманово се истакнаа Миладиновски со шест погодоци и Тасевски со пет гола.