Ја прославија освоената титула онлајн на Инстаграм (ФОТО)

Како што е познато од претходно ракометната федерација на Данска означи крај на првенствата во сите категории и ги одреди учесниците во европските купови.

Во машка конкуренција, Алборг беше прогласен за шампион со што ја одбрани титулата освоена минатата сезона.

Со оглед на моменталната ситуација со коронавирусот играчите и стручниот штаб не можат да ја прослават титулата на вообичаен начин.

Затоа од клубот решија да организираат заеднички видео повик преку Инстаграм и на тој начин да ја прослават шампионската титула.

„Иако сме сами во овие моменти се покажа дека е интересно да ја прославиме титулата на овој начин. Се разбира беше убаво да се видат сите заедно иако на далечина. Мислам дека сепак ќе го прославиме успехот на вистински начин, штом ќе има можност да се сретнеме“, изјави играчот на Алборг, Андреас Холст.