Јакобсен: Непотребно го направивме возбудлив натпреварот

Репрезентацијата на Данска ќе игра ново финале на Светските првенства откако во првото полуфинале ја победи Шпанија со 26:23. Данците водеа во текот на целиот натпревар, а во 43.минута имаа водство и од + 5 (20:15), но му дозволија на противникот со серија голови да го однесе натпреварот во неизвесна завршница.

Дури по одбранетиот седмерец на Никалс Ландин во последната минута дуелот беше решен, а Емил Јакобсен го постигна последниот гол.

Второто полувреме беше тешко. Мислам непотребно го направивме возбудливо. Ние го контролиравме натпреварот. Секако имаме голман од светска класа. Фантастично е третпат по ред да се игра финале. Кога играте полуфинале, секогаш постои страв дека нешто може да се случи и тимот да си одам со „празни раце“. Целиот фокус ќе биде во недела и дома да си заминеме со злато, изјави селекторот на Данска Николај Јакобсен за ТВ 2 Спорт.

Данска во недела ќе го игра шестото финале (1967, 2011, 2013 – порази, 2019 и 2021 победи).