ТРИ ЅВЕЗДИ НА 1. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Како што најави 24Ракомет, единствениот специјализиран портал за ракомет од сезонава ќе избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига. Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“. На крајот од сезоната ќе има избор и на Иделаниот тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Минатиот викенд започна новата сезона во Женската лига, во која актуелен бранител на титулата е Ѓорче Петров. Редакцијата на 24Ракомет ќе ги следи настапите на сите екипи, и ќе избере ТРИ ѕвезди (ракометарки) кои според нашето мислење го одбележале колото што е завршено.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“. Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 1. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на првото коло има по една ракометарка од Вардар, Куманово и Ѓорче Петров.

Женска лига, 1.коло, резултати:

Металург Автокоманда – Спартак 31:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Ѓорче Петров 27:42 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Чаир 29:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Куманово 15:43 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Скопје 27:37 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Деспина 25:16 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Овче Поле 30:22 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167
14ГЕВГЕЛИЈА1910183

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 1. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
51.33%
Сара Стефаноска - Вардар
41.45%
Сара Цветановска - Куманово
7.23%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 1. КОЛО 

Сара Стефаноска (Вардар) – Левиот бек на „црвено-црниот“ тим со 10 погодоци го предводеше Вардар до реми против амбициозниот Чаир. Младата ракометарка уште еднаш покажа дека има голем раскошен талент и репрезентативен потенцијал на левата бековска позиција.

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Најдобриот стрелец од пред две сезони во Женската лига беше најефикасна во триумфот на Ѓорче Петров против Пелистер. Ризоска во мрежата на битолчанки постигна девет погодоци и подели неколку асистенции кон нејзините колешки.

Сара Цветановска (Куманово) – Вицепрвакот на гостувањето во Гевгелија кај истоимената екипа немаше никаков проблем и лесно ги запиша првите бодови во новата сезона. Одлична партија против Гевгелија имаше токму Цветановска, која натпреварот го заврши со десет реализации.