Ракометарките на Ѓорче Петров се шампионки во женска пионерска конкуренција, откако во финалниот натпревар на завршниот турнир ја совладаа екипата на Деспина од Прилеп со 17-23.
Во првата половина од првото полувреме, ѓорчевки поведоа со 4-7, но прилепчанки се вратија на гол негатива, 6-7. Сепак до крајот на полувремето нивниот напад затаи, па Ѓорче Петров стигна до висока предност, 6-10.
Во второто полувреме, Деспина за пет минути ја преполови разликата и беше 9-11, но две грешки во нападот беа доволни за домаќинките на Ф4 да си ја вратат предноста од полувремето, 9-13.
Следуваше слаба на игра на прилепчанки во следниот период, па Ѓорче Петров успеа да стигне до убедлив триумф на крајот, 17-23 и да ја освои шампионската титула. Во битката за трето место Скопје славеше над Стружанка со 13-4.