Шпанките потфрлија кога беше најпотребно, ја вратија Унгарија во трка

Поразот на Шпанија од 25:29 против Унгарија беше изненадувачки епилог на претпоследниот дуел од 4. коло на женскиот турнир на Олимписките игри. Со овој резултат Унгаријасе врати во трка за четврт-финале, а Шпанија место да реши сè си го закомпликува својот пласман.

Уште во првото полувреме се виде дека Унгарија има порасположени ракометарки кои беа во постојана предност. Стигнаа до плус три рзлика во првите 30 минути и на одмор имаа резултат од 14:11.

Oвие три разлика се чуваа и во продолжението кога Унгарија имаше целосна контрола. Дури во финишот Шпанките успеаја да покажат дека имаат квалитет за победа. Сепак, намалија до 23:24 и потоа набрзина имаа негатива од минус четири,23:27 и тука веќе немаше шанси за да се врати назад во игра.

До крајот Унгарките искусно го зачуваа водството и дојдоа до победа од 29:25 така што се вратија во игра за пласман во четврт-финалето и сè ќе се решава дури во последното коло в понеделник.

Денеска Вамос и Клујбер ги водеа стрелците во Унгарија со шест гола, а пет имаше Грета Мартон. Во Шпанија Кармен Мартин и Марија Бермехо имаа по пет погодоци.

Во последното коло Унгарија игра против Шведска, а Шпанија за противник ја има селекцијата на Русија.