Шпанија ќе ја брани титулата: Абељо, Канељас и Де Варгас донесоа ново финале

Со одличните одбрани на Гонзало Перез де Варгас, и доминацијата во нападот на Алеиш Гомез Абељо и Жоан Канељас селекцијата на Шпанија знаеше како тактички добро и искусно да одигра во второто полувреме против Данска и да дојде до победа од 29:25 во првото полуфинале. В недела Шпанија ќе ја брани титулата која ја освојуваше и во 2018 и 2020 година така што се отвора шанса за хет-трик на ЕП.

Од почетокот на средбата двете селекции беа во одреден грч бидејќи за девет минути имаше само три гола. Данска водеше со 2:1, но одбраните беа тие што имаа свои моменти и што доминираа на теренот. Затоа после девет минути игра со три гола за една минута беа постигнати два и во 10. минута резултатот беше 3:2 во корист на Данците.

Како што продолжуваше времето така селекцијата на Данска воспоставуваше целосна контрола. Имаше предност од 3-4 гола и ја одржуваше истата така што немаше никаков проблем за да може да остане во позитива.

При 10:6 почна да се губи чекорот и тука составот на Шпанија почна да намалува. Предноста на Данците беше три гола, но се забележуваше дека „фуријата“ почнува да воспоставува контрола на теренот и дека почнува да игра далеку подобро што беше најава за подобро продолжение на натпреварот.

Ова овозможи составот на Шпанија да дојде до резултат кој ќе даде поубаво продолжение од натпреварот. Со многу поконцентрирана игра во нападот се стигна до минус еден на крајот од првиот дел, а на одмор беше 14:13 во корист на Данска.

Сето она што им успеваше на Шпанците во завршницата на првиот дел продолжи и во второто полувреме. На оваа игра добија поддршка и од голманот Перез де Варгас кој беше клучот во правањето на пресвртот. Полека ритамот на играта се засилуваше, а европскиот првак ја преземаше контролата. При 15:16 беше клучниот момент кога со 3:0 се обезбеди подобро продолжение од натпреварот и контрола на резултатот. Шпанија имаше позитива од два гола, а во 48. минута првпат беше и плус три 22:19 што комплетно го сврте натпреварот.

Шпанија – Данска (Полуфинале на ЕП 2022)

Европскиот првак покажа дека никој не смее да го отпише и одличното темпо ги внесе во последните десет минути со позитива од два гола, 23:21. Искуството на Шпанците беше доволно да може да се одигра одлично до крај и да се обезбеди победа така што немаше никакви проблеми или дилеми околу побендикот.

Предводени од одличниот Перез де Варгас и ефикасните во нападот Канељас и Абељо, Шпанците денеска беа едноставно феноменални и заслужено обезбедија место во финалето в недела каде ќе играат против подобриот од дуелот меѓу Франција и Шведска.

ШПАНИЈА – ДАНСКА    29:25 (13:14)

Сала: „Мултифункционална арена“ во Будимпешта. Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Макдонија. Делегати: Ојвинд Тогстад од Норвешка и Шломо Коен од Израел.

ШПАНИЈА: Де Варгас, Коралес, Гурбиндо, Пецина, Македа 2, Фернандз 1, Сармиенто, Фигуерас 3, Канељас 7, Касадо 3, Гомез Абељо 11, Арињо Бенгоечеа 1, Гвардиола, Тарафета 1, Санчез Мигаљон, Одриозола

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 8 мин.

ДАНСКА: Ландин, Мелер, Киркелоке, Ландин 4, Јакобсен, Лауге Шмит 2, Јенсен 3, Сван 2, Мелгар, Мензах Ларсен 1, М. Хансен 8, Ј. Хансен, Андерсон, Холм 1, Гидсел 3, Халд Јенсен 1

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.