Шпанија немоќна, Шведска лесно до прв триумф

Репрезентацијата на Шведска ја оствари првата победа на Олимписките игри во Токио во рамки на групата Б откако убедливо ја совлада Шпанија со 31:24.

Шпанија имаше подобро отварање на натпреварот, поведе со 2:0 но нивното водство траеше кратко. Шведска брзо успеа да се врати и да израмни а потоа и да поведе.

Од средината на полувремето до паузата Швеѓанките целосно доминираа, со серија од 7:0 направија сигурно водство уште во првиот дел. На одмор Шведска имаше предност од 13:9.

Сигурната игра на Швеѓанките продолжи и во второто полувреме, многу брзо веќе имаа осум предност што до крај на дуелот беше доволно за сигурна победа.

Најефикасна во победничкиот тим беше Хансон со шест гола, додека Блом и Линквист погодија по петпати. Во составот на Шпанија единствена расположена беше Нереа Пена со седум погодоци.