Шоу на Пешиќ, Нант со победнички старт во Франција

По Бундес и Асобал лигата, стартуваше и силниот француски шампионат. Нант ја почна ерата без Кире Лазаров и имаше победнички старт.

Иван Пешиќ во вториот настап за Нант, по оној во Трофеј на шампионите, покажа дека ќе биде повеќе од одлична замена за Емил Нилсен.

Тој имаше 20 одбрани (49% успешност) на мечот со Шамбери, кој Нант го доби со убедливи девет гола разлика, 30-21.

Шарт кој е предводен од српскиот селектор Тони Херона неочекувано лесно дома го победи Екс Ан Прованс со 34-27, а најдобар стрелец беше Вања Илиќ со седум гола.

Данкерк ги собра бодовите од кај Селеста со триумфот 29-28, додека Сесон Рен славеше на гости кај Иври со 27-23.