Шведските клубови ќе поделат државна финансиска помош од 800.000 евра!

Шведската влада успеа да обезбеди 126 милиони евра како финансиска помош за спортските колективи во време на пандемија.

Вкупно 84 ракометни клубови аплицираа за помошта, која за ракометот изнесува околу 800.000 евра, пишува шведскиот портал Handbollskanalen.

Сите клубови, во зависност од тоа колку младински екипи имаат, ќе добијат различна сума на пари, која пред се треба да биде наменета за покривање на трошоците за тренинзи и натпревари на младите ракометари.

Покрај тоа, сите водечки тимови во екипните спортови ќе добијат „елитна поддршка“ од Владата на Шведска.