Шведска не знае за пораз, и Бразил помина на редот

Селекцијата на Шведска обезбеди место во четвртфиналето на Олимписките игри, откако славеше над незгодниот Бразил со 34-31.

До Насименто даде шест гола за дваесетина минути и Бразил тогаш водеше со 10-13, но јужноамериканките попуштија во темпото што сами го наметнаа и Шведска до паузата направи комплетен пресврт.

На стартот на вториот дел најчесто се играше гол за гол, а дури на десетина минути до крајот Шведска стигна до плус четири.

Во финишот, Бразилките намалија на минус еден, 28-27, но немаа сили за комплетен пресврт и победата остана за Шведска, која досега има три победи и едно реми.

Најефикасни кај Бразил беа До Насименто и Бело со седум, односно шест гола, додека кај Шведска, Робертс и Хансон имаа по шест.