Шведска без Валиниус на СП, Солбер повика нов играч

Светскиот вицепрвак и актуелен европски шампион, селекцијата на Шведска на Мундијалот во јануари ќе настапи без левиот бек на Кил, Карл Валиниус.

Селекторот на Шведска, Глен Солберг направи една измена во составот, па така на местото на Валиниус ќе игра членот на Рајн Некар, Оле Форсел.

„Разговарав со Валиниус. Се уште не е 100% подготвен поради повредата. Секако, многу е тажен што го пропушта Светското првенство на домашен терен, но ни требаат играчи кои можат да го дадат максимумот“, изјави Солберг.

Шведска на Мундијалот во 2023 заедно со Полска ќе бидат ко-организатори на големото натпреварување.

Избраниците на Глен Солберг во првата фаза ќе играат со селекциите на Уругвај, Зеленортски Острови и Бразил.