Швајцарците го одредија градот домаќин – ќе ја пречекаат Македонија во Цуг

Машката репрезентација на Македонија од ноември ќе ги започне квалификациите за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Првиот натпревар ќе се игра против Финска на домашен терен на 4 или 5 ноември, додека вториот ќе биде одигран на гости кај Швајцарија.

Швајцарците веќе го одредија терминот и градот на одигрувањ. Тоа ќе биде Цуг, а дуелот е на програмата на 7 ноември со почеток во 18:30 часот.

Доколку биде дозволено да се игра натпреварот пред гледачи, нашите ракометари сигурно ќе имаат голема поддршка од иселениците во Швајцарија.