Чкембари прославија со пелистерци и порачаа – доаѓа зелена ера! (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во Лигата на Европа, откако со моќна партија ја демолираа Татабања и славеа со 33-20.

Атмосферата во „Боро Чурлевски“ беше одлична, па пелистерци не можеа, а да не ја израдуваат публиката со перфектно издание.

За време на мечот, „Чкембари“ истакнаа транспарент на кој пишуваше „доаѓа зелена ера“, алудирајќи дека е време титулата да се донесе во Битола.

По завршувањето на натпреварот, навивачите и пелистерци заедно ја прославија убедливата победа која широко ги отвори вратите кон осминафиналето на Лигата на Европа.