Чешка и Фарски острови немаат избор, ќе играат три натпревари во пет дена

Селекциите на Чешка и на Фарски острови ќе мораат од среда до недела да одиграат три натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

И во октомври минатата година и во јануари причина за одлагањето на натпреварот беа позитивни случаи со Ковид 19. Поради ова останаа двете пресметки меѓу тимовите кои сега имаат дуели со другите ривали.

Од ЕХФ побараа еден од натпреврите да биде одигран во текот на оваа недела бидејќи не може да се обезбедат други термини и нема друга опција. Договорот е средбата да биде одиграна во Брно в петок.

Претходно в среда Чешка гостува во Русија и ќе игра во Москва, додека Фарските острови се гости во Киев на Украина. В недела Чешка го пречекува составот на Русија во Брно, додека Фарските острови ќе играат во Торшавн против Украинците.