Чесите шокирани, Фарските острови и дадоа подарок на Украина

Репрезентацијата на Фарските острови дојде до победа од 27:26 против Чешка и приреди големо изненадување во 5. коло од квалификациите за Европското првенство.

Фарските острови досега беа без бодови, а со оваа победа само и направија проблеми на селекцијата на Чешка која сега ќе мора во последното коло да ја совлада Украина за пласман на ЕП.

Практично победата на Фарските острови беше подарок за Украинците кои имаат можност да се надеваат на пласман и како третопласирани, но со добар резултат в недела против Чешка можат и на 2. позиција.

Денеска, Фарските острови успеаја до победа во финишот од средбата кога Чесите попуштија и дозволија да бидат изненадени. Олсен и Елефсен постигнаа по пет гола, додека Јојиќ имаше четири. во редовите на Чешка Матеј Клима реализираше деветпати.

В недела Чешка го пречекува составот на Украина во директен дуел за 2. место во Групата 3, каде што сигурна на првата позиција е селекцијата на Русија.