Червар: Штом можеше Јиха со Кил, може и Игор Вори со Загреб

Реакциите за поставувањето на Игор Вори за тренер на ППД Загреб и понатаму не стивнуваат, а покрај тоа што има критичари од типот дека е уште млад за да седне на таква функција и неискусен, има и такви кои му даваат поддршка.

Тренерот под кој мина многу години и во ППД Загреб и во репрезентацијата на Хрватска, Лино Червар секако му дава поддршка и вели дека што можел Филип Јиха со Кил уште во првата сезона да направи одличен резултат, тогаш може и Вори со Загреб.

„Ова е голем предизвик за Игор Вори, кој сега веќе не е играчи туку тренерски, а тоа се две различни работи. Секако, му посакувам сè најдобро. Знам дека некои коментираат дека нема искуство, иако уште нема ни почнато да работи. Факт е дека во светот постои еден модел. Доколку Филип јиха можеше да стане тренер на Кил, а потоа да биде прогласен и за тренер на сезоната. Од друга страна имаме доста шпански тренер кои практично од патики дојдоа на купа и запливаа во тренерски води. Не гледам зошто истото не би можел да го направи и Игор“, вели Лино Червар, за новиот тренер на ППД Загреб.

Секако многу работи ќе зависат и од тоа како ќе се одвиваат нештата односно каков ќе биде играчкиот кадар со кој ќе располага ППД Загреб во новата сезона.