Червар: Како исцрпените ракометари ќе влезат во новата сезона?

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Лино Червар го коменираше новиот распоред кој го презентираше ЕХФ за одигрување на натпреварите до крајот на сезоната.

Червар истакна неколку детали кои ќе ја отежнат ситуацијата и одигрувањето на остатокот од сезоната.

„Мислам дека овој план ќе биде тежок за спроведување. Како прво, не знаеме колку долго ќе трае пандемијата на корона вирус. Второ, играчите нема веднаш да можат да се вратат во кондиција и форма. За да се подготват, ќе им требаат околу две недели. Постои огромен ризик од повреди. Ниту клубовите ниту федерациите не треба да го дозволат тоа. Ако се оди според сценариото на ЕХФ, мажите ќе ја завршат сезоната на крајот на август со завршниот турнир во Лига на шампиони. Што мислите, исцрпените ракометари во каква состојба ќе влезат во новата сезона? Сега има многу прашања и неколку јасни одговори“, коментираше Лино Червар за hrs.hr.

Лино Червар, најави дека по Олимпијада оваа година ќе замине во пензија, но после одлагањето заради коронавирусот тој ја одложи неговата пензија и најави дека не се пензионира без олимписки медал.