Червар за Штрлек: Тој знае каде му е местото, но…

Едно од најдобрите леви крила во светот, Мануел Штрлек, не настапи на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска поради свое барање, а потоа Хрватскиот Сојуз најави дека ќе биде суспендиран и нема да може да игра за националниот тим.

Сепак Штрлек упати барање до ХРС во кое ги наведе причините за тоа што не сакаше да игра на ЕП и се надева дека ќе може да се врати во репрезентацијата. Селекторот во заминување, Лино Червар вели дека тој не одлучува за камбекот.

„Тоа е изводливо. Штрлек во селекцијата е од 2008 година и нормално дека сакам да се врати. Но, сепак ќе мора да се почитува одлуката на Сојузот. Се надевам дека во иднина ќе го имам на располагање. Тој е едно од најдобрите крила на светот и сигурно секој тренер го сака во својот тим, особено јас кој го промовираше како репрезентативец. Тој знае каде му е местото, но да почекаме уште некое време“, изјави Червар.

Следна акција за Хрватска ќе биде турнирот за квалификации за Олимписките игри во Токио во месец април.