Червар за Лацковиќ: Тој беше добриот дух во репрезентацијата, знаеше да даде гол и од „трет кат“

Левиот бек Блаженко Лацковиќ стави крај на професионалната кариера по 22 играње во Варткес, Загреб, Метковиќ, Фленсбург, Вардар, Кил и Хамбург.

Хрватскиот селектор Лино Червар на емотивен начин го испрати во пензија поранешниот член на „црвено-црните“.

„Лац беше добриот дух на репрезентацијата. Тој е роден победник и даде голем придонес за репрезентацијата. Имаше брилијантна кариера, независно како се движеше и со какви проблеми се среќаваше. Одеше по ред и не скокаше „скалила“ како што тоа го прават денешните млади играчи. Знаеше да игра и повреден, и тоа беше она што го разликуваше и го правеше посебен. Високо скокаше и шутираше од „трет кат“ и даваше голови. Лацковиќ е идеална лекција за сите тренери како треба да изгледа еден професионален ракометар“, изјави Червар за „Спортске Новости“.

Тој ќе продолжи да работи во Хамбург, каде што ја заврши кариерата, но не е јасно дали ќе му биде помошник на Торстен Јансен или ќе има друга функција во клубот.