Чаневски: Ќе одлучуваат нијанси, не е само Магдебург во одлична форма – и ние сме

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа против бундеслигашот Магдебург.

Голманот Градимир Чаневски посакува најмалку реми на првиот меч во Битола против германскиот тим.

„Магдебург е одлична екипа и игра во одлична форма. Наша цел е барем да извадиме нерешен резултат на првиот натпревар во Битола. Ќе биде добро да заминеме во Германија со позитива. Добро играме и ние, и ние сме во добра форма како и тие. Детали ќе одлучуваат, па ако бидеме на ниво, мислам дека ќе патуваме за Магдебург со позитива. Мислам дека поголем предизвик е за нив да ја освојат Битола. Ние играме добра сезона, добро играме на домашен терен и верувам дека тоа ќе го потврдиме во вторник. Магдебург е одлична екипа, играат добра одбрана, многу трчаат и влечат полуконтра. Наше е да се враќаме брзо и да трчаме. Мислам дека не треба да дозволиме да нè наттрчаат“, вели Чаневски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург се игра утре во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.