Чаир ќе дебитира на меѓународна сцена – се пријави во Лигата на Европа!

Тимот на Чаир, кој сезонава го имаше своето деби во Женската лига и имаше одлични настапи до прекинот, ќе дебитира и на меѓународна сцена.

Иако РФМ одлучи дека за местата во Европа ќе важат ланските резултати, сепак тимот на Чаир ќе добие шанса за настап во Лигата на Европа.

Металург се откажа од играње во Лигата на шампионите, таму веројатно претставник на нашата земја ќе биде Куманово, а освен Чаир, во второто по ранг европско натпреварување ќе игра Пелистер.

Вардар не го искористи правото да се пријави за настап во европските купови, па ќе имаме само три претставници во женска конкуренција.