Црногорците може да здивнат – Вујовиќ нема скршеница

Левото крило Филип Вујовиќ нема сериозна повреда и ќе биде на располагање на селекторот Зоран Рогановиќ за наптреварите на Европското првенство.

Црногорците се сомневаа во скршеница на потколеницата на Вујовиќ на дуелот со Кувајт, но сепак тоа не е случај.

Поради силниот удар, Вујовиќ ќе мора да паузира од тренинзи десетина дена, по што повторно ќе се приклучи на подготовките.

„Резултатот не беше во прв план, но секој победа радува и дава самодовера на момците, посебно на оние младиите кои немаа досега поголема прилика за игра. Дадоа голем придонес кога се одвојувавме на пет голови разлика и тоа посебно ме радува. Ни останува да работиме добро и преку двете средби да се обидеме да го склопиме мозаикот и да бидеме се подобри“, изјави Рогановиќ.

Црна Гора е ривал на Македонија во групата А од ЕП во Дебрецин, заедно со селекциите на Данска и Словенија.