Црна Гора доаѓа во Скопје – ја штиклира и Германија

Селекцијата на Црна Гора е првиот патник во главната рунда на Европското првенство од групата што се игра во Подгорица, откако избраничките на Бојана Поповиќ славеа против Германија со 29-25. Оваа победа ги носи Црногорките во Скопје од 10 ноември, каде ќе дојдат уште две селекции од Подгорица.

Германките водеа со 3-2 на стартот, но Радичевиќ поведе серија од четири гола на Црна Гора за 6-3. Имаа домаќинките на ЕП, три пати водство и од четири плус, но на пауза се замина со 15-12 за Црна Гора, откако Петерсен погоди во последната секунда.

Упорните Германки израмнија на стартот на вториот дел, на 16-16, а во 37. минута, една од најискусните во германскиот табор, Ксенија Смитс доби црвен картон. Во продолжение германскиот напад не беше толку убоит, па Црногорките повторно си ја вратија предноста.

Јауковиќ и Радичевиќ погодија за 20-17, а Павичевиќ на десет минути донесе и плус четири, 24-20. До крајот предноста беше само рутински одржана за конечни 29-25. Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Јауковиќ со четири, како и Маловиќ и Грбиќ со по четири гола, додека кај Германија се истакнаа Гријселс и Болк со по седум.