Новата ѕвезда на Нексе: Мотивиран сум и се радувам на следната сезона

Пред неколку дена беше потврдено дека Иван Сршен се враќа во редовите на Нексе и ова беше изненадување за хрватската јавност.

Соиграчот на Филип Миркуловски од следната сезона ќе биде играч на клубот од Нашице кој од година во година покажува поголеми амбиции. Поранешниот хрватски репрезентативец две години помина во Бундеслигата, а сега повторно доаѓа во клубот од Нашице во лов на титулата и подобри европски резултати.

„За враќање во Нексе се одлучив од повеќе причини, една од нив е семејството сакам да бидам поблиску, но секако и спортски затоа што имам желба да играм ракомет на високо ниво. Се надевам дека со своите настапи заедно ќе растеме со клубот и ќе оствариме што е можно подобри резултати. Мотивиран сум и се радувам на следната сезона“, изјави Сршен за „РТЛ.хр“.

Претходно Сршен дресот на Нексе го носеше во сезоните 2015/2016 и 2016/2017.