ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Ристовски беше „X“ фактор – Вардар го доби пенал рулетот (ВИДЕО)

Вардар го доби и петото полуфинале против Загреб во СЕХА лигата. Се врати од негатива од шест гола разлика, а потоа со подобро изведени удари од седум метри стигна до победа и ново финале во СЕХА.

Со вкупни 30:29 после нерешените 26:26 на крајот „црвено-црните“ имаат повеќе причини да се радуваат бидејќи Ристовски одбрани кога беше најпотребно.

Ристовски успеа да одбрани на десет секунди до крајот, а потоа Јотиќ погоди за нерешено, па победникот мораше да биде одлучен после изведување на удари од седум метри.

Таму царуваше Ристовски кој одбрани два пенали. Погледете ги сите удари од седум метри на двете екипи…