Херојски кам-бек на битолчани: Освоија бод во Швајцарија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер освоија голем бод на гостувањето во Швајцарија откако со гол во последната секунда, Јосип Периќ ги постави конечните 28:28 откако во еден период негативата беше и осум гола.

Од почетокот натпреварот во многу наликуваше на играта прикажана против Ним минатиот вторник. Високи 0:5 за осум минути игра и прв гол дури во 9. минута кога веќе негативата беше превисока и мораше постојано да се брка негатива.

Иако се влезе во подобар дел од средбата, сепак, во 20. минута негативата беше највисока. Кадетен стигна до осум гола разлика и резултат од 12:4 што значеше дека мора да се зголеми темпото на играта и да се направи обид да се дојде до подобар резултат.

Она што беше пропуштено во првите 20 минути малку се надомести во продолжение од натпреварот. Грешките беа намалени, па беше одиграно подобро. Имаше мал приклучок, но на одмор се замина со резултат, 11:16.

На почетокот на второто полувреме негативата одново се искачи до осум гола. Резултатот од 12:20 во 37. минута беше најава за нов пораз, но тука како да следуваше будење на ракометарите на тимот од Битола. Со серија од 4:0 за пет минути се дојде до 16:20 и се влезе одново во натпреварот.

Имаше време за да се фати целосен приклучок и да се направи обид да се дојде до шанса за добар резултат во финишот. На ова се надоврза и Кизиќ со некоја интервенција во моменти кога беше најпотребно. Во 49. минута се дојде до 20:22, а имаше напад и за еден гол негатива што не беше искористен.

Сепак, се влезе во интересна завршница. Негативата постојано беше два или три гола.

На две минути до крајот Хербургер беше исклучен, а тоа се случи при резултат 26:28. Тука Велковски искористи шанса и дојде до погодок за 27:28 и шанса за возбудлива завршница односно максимално интересни 100 секунди.

Во моменти кога нападот на Кадетен беше пред крај и топката требаше да им биде одземана, Танкоски не се одалечи доволно од играчите на противникот за да биде изведен ударот од девет метри, па го исклучија и Швајцарците добија нов напад. Сепак, после тајм-аутот во игра влезе играч повеќе и добија уште еден играч помалку и им беше одземана топката, па Еурофарм Пелистер доби шанса за напад за реми.

Јосип Периќ ја имаше улогата на спасител и после еден ваков дуел во кој Еурофарм Пелистер имаше осум негатива донесе голем бод, кој е рамен на победа за тимот од Битола. Конечните 28:28 се дефинитивно одлични бидејќи целиот натпревар беше одигран со постојана висока негатива.

26 октомври 2021
28 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
26 октомври 2021 20:25 ЛИГА ЕВРОПА D 2021/2022 26.10.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН1628Реми
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1128Реми

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Пилиповиќголман00
2Николас Валдфогеллев бек00
4Самуел Зендерлево крило08
5Торбен Мацкенцентрален бек03
6Димитриј Кителдесен бек01
8Ерик Шмитпивот10
9Јонас Шоперпивот03
11Епрахим Јерилев бек01
12Игнасио Биска Гарсијаголман00
14Филип Новакпивот00
15Марвин Лирлево крило01
18Максимилијан Герблдесно крило00
19Зоран Марковиќлев бек10
20Лука Марошлев бек07
24Ник Томинецдесно крило00
26Лукас Хербургерлево крило14
 Вкупно 328

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек12
3Гоце Ојлескилево крило00
4Никола Маркоскипивот04
6Бојан Маџовскилево крило01
9Стипе Мандалиниќлев бек14
12Мартон Секељголман00
13Мирко Радовиќдесен бек00
14Марио Танкоскицентрален бек11
18Јосип Периќцентрален бек06
19Ненад Костескидесно крило00
30Мартин Велковскидесен бек01
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило03
59Елмир Граџанпивот04
74Немања Обрадовиќцентрален бек22
98Марко Кизиќголман00
24Милорад Кукоскилев бек20
 Вкупно 728

ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274