Проектилот на Периќ, кој донесе голем бод за Еурофарм Пелистер (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер после слабиот почеток на натпреварот на гостувањето против Кадетен во меч од Лигата на Европа на крајот успеаја да освојат бод и одиграа нерешено со 28:28. Звршницата од дуелот беше многу возбудлива, а истиот заврши со среќен крај за битолскиот тим. Еурофарм Пелистер го имаше последниот напад за нерешено кој го реализираше Јосип Периќ со прекрасен удар од десетина метри за големо славје на пелистерци. Бомбата на Периќ може да ја погледнете во видеото.