Херем: Звучи чудно, но и дадов предност на Сола пред Ѓер

Камила Херем, Норвежанката која еден дел од кариерата го помина во Вардар, сега настапува во домашното првенство во екипата на Сола.

Левото крило во изјава за норвешката tv2.no сподели дека летово имала интересна понуда од Ѓер, но сепак решила да остане дома од повеќе причини.

„Добив понуда од Ѓер, беше многу примамлива можноста повторно да се натпреварувам во Лигата на шампионите со толку добар тим. Освојувањето на овој турнир е мојот сон. Одвоив малку време за размислување и на крајот решив дека е подобро да останам во Норвешка. И воопшто не станува збор само за ракомет. Знам дека звучи чудно, но Сола сега ми е подобра од Ѓер. Се чувствувам многу добро дома. Во норвешкото првенство скоро сите натпревари се неизвесни, противниците секогаш се борат за победа. Конкуренцијата ме прави уште подобра“, рече Херем.

Дополнително влијание на одлуката на Херем има и тоа што нејзиниот сопруг, Стефан Стегавик е тренер на Сола. Таа не сакала да се раздели од својот сопруг и со детето да замине да живее во Унгарија.