Хаос во Данска: Судот ја поништи одлуката на федерацијата за прекинатото првенство!

Пред месец дена, Ракометната Федерација на Данска донесе одлука првенството да биде прекинато и да бидат прогласени шампиони во двете конкуренции, но и да има испаѓање од двете лиги.

На оваа одлука до највисокиот суд во државата се жалеа трите клуба што требаше да испаднат во понизок ранг – Алборг, Нордсјеланд и Одер.

Апелациониот суд ја поништи одлуката за прекин на првенството и сега ќе мора да се бара ново решение од страна на данската федерација.

Тоа значи дека можно е ракометарите и ракометарките да се вратат на терен за да се доигруваат натпреварите или федерацијата да донесе одлука трите клуба што требаше да испаднат, да останат во најсилните конкуренции.