Фуксе Берлин доаѓа драстично ослабен во Битола

Екипата на Фуксе Берлин, која на 22 ноември ќе гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер во рамки од 3. коло од Лига на Европа ќе биде драстично ослабена.

Освен Матијас Гидсел, кој нема да допатува во Битола поради повреда на левата рака, натпреварот против македонскиот вицепрвак ќе го пропушти и десното крило Валтер Кринц.

Репрезентативецот на Шведска во дуелот против Минден заработи повреда на десното колено и ќе мора да паузира одреден временски период.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се одигра во вторник (22 ноември) со почеток од 18:45 часот во спортската сала ,,Боро Чурлевски”.