Фрањо Лелиќ: Се обидовме, се боревме, се држевме, но премногу грешевме

Тренерот Фрањо Лелиќ на оваа средба беше како замена бидејќи Тамше од среда го презема водењето на екипата, а покажа дека одлично може да ги предводи овие момци кои денеска на Вардар му се спротиставија во текот на сите 60 минути.

„Ова беше добар натпревар за гледање. Лошо го отворивме натпреварот и беше 4:0 после само неколку минути. Се обидовме, се боревме, се држевме во натпреварот. На крајот успеавме и да стигнеме и да израмниме, но неколку промашувања, неколку технички грешки пресудија за Вардар да дојде до победата и до бодовите“, рече тренерот Лелиќ.

Веќе на следниот дуел екипата ќе има нов тренер и на клупата ќе седи Словенецот Бранко Тамше, но се виде дека и Лелиќ може да биде добра замена.