Француска легенда ќе води второлигаш

Еден од прославените ракометари на Франција, Жером Фернандез, одлучи тренерската кариера да ја продолжи во втората француска лига, пишува „Hand News“.

Тој ќе работи во тимот на второлигашот Бијер, каде што настапуваше неговиот брат Арно во сезоната 2016/17.

Рекордерот по бројот на голови во дресот на Франција беше споменуван и како иден стручен аналитичар на спортскиот канал Еуроспорт, како и претставник на федерација во организацискиот одбор на ОИ во Париз.

Фернадез од 2015 до 2020 година го предводеше Екс ан Прованс, а во првите две сезони имаше двојна улога бидејќи беше и играч.