Французи ќе му судат на Еурофарм Пелистер во Магдебург

Екипата на Еурофарм Пелистер во вторник ќе го одигра реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа против Магдебург, а веќе е познато дека официјалните лица на оваа средба ќе бидат од Франција и Австрија.

За овој натпревар се делегирани судиите Саид Боунуара и Калид Сами. Французите добиваат можност да го судат овој дуел, додека делегат ќе биде Австриецот Герхард Рајзингер.

На овој дуел кој се игра во „Гетек арена“ во Магдебург ќе биде комплетиран двобојот на кој тимот од Битола е само со теоретски шанси за пласман во следната рунда.

Тимот на Магдебург од првиот дуел одигран во „Боро Чурлевски“ минатиот вторник има предност од осум гола после победата од 32:24.