Франција се грижи за Олимпијците, до крајот на мај сите мораат да се вакцинираат

Спортистите од Франција кои ќе земат учество на Олимписките игри во Токио до крајот на мај имаат можност да се вакцинираат така што ќе немаат проблеми да учествуваат на натпреварите кои ќе се одвиваат во текот на летото.

Франција ќе има репрезентација и во машка и во женска конкуренција во ракомет така што ќе треба сите да бидат вакцинирани за да се најдат во комбинација за составот.

Според планот на Министерството за спорт на оваа земја вкупно 1.400 спортисти би требало да бидат вакцинирани така што има простор од повеќе од 30 дена за да се заврши целата процедура.

Инаку, планот на домаќинот на Олимписките игри е во олимпиското село да смести повеќе од 15.000 лица меѓу кои се спортисти, тренери, судии… така што ќе мораат строго да се почитуваат здравствените протоколи.