Филип Лазаров: Повеќе ми беше лошо од добро што Кире ми е брат

Голем дел од својата кариера Филип Лазаров ги минува во сенка на неговиот брат Кирил Лазаров.

Многумина се тие кои јавно го критикуваа и не ги признаваа неговите успеси, туку ги препишуваа на Кире, а тоа го потврди и Филип во интервјуто за 24Ракомет.

„Голем удел во тоа имаше и фактот дека Киро ми е брат. Цело време сите имаа мислење дека Киро ме влече. Кого и да прашаш и репрезентативци и тренери, поранешни селектори, не верувам дека ќе се најде некој што ќе каже ‘Е тогаш Киро да не беше, Фичо немаше да биде’, 90 посто од нив имаат спротивно мислење. Повеќе ми било лошо од добро тоа што Киро ми е брат. Во некои моменти не сум можел да го дадам она што сакам и можам од притисокот кој тој ми го правел и од неговото однесување кон мене, за јас да дадам повеќе и за да им се покаже на другите спротивното дека не сум во репрезентација поради него. Јас во ниту еден момент не сум мислел дека сум некаде затоа што е Киро. Дури мислам и дека Металург на полусезона кога ме отпушти тоа беше поради кавга Лино и Киро и некои други ситуации… Дури некогаш и сум трпел поради тоа што ми е брат, но тоа е минимално во споредба со тоа колку совети сум добил и колку сум имал пример за тоа како треба да се тренира, да се работи за да напредувам и да бидам професионалец.“

Целото интервју со Филип Лазаров може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ФИЛИП ЛАЗАРОВ: Само Вардар може да ме врати дома!