„Фајнал-форот да се игра во септември е тотално лудило“

Голманката на данската репрезентација која настапува за француски Брест, Сандра Тофт е уште еден играч на кој не му се допаѓа новиот распоред на ЕХФ за одигрување на завршните турнири во Лигата на шампиони.

Во интервју за данскиот ТВ2 Спорт, Тофт ги кажа своите размислувања и ставови во однос на завршувањето на сезоната во септември.

„Завршниот турнир да се игра во септември звучи апсолутно лудо за мене. Не разбирам како може ова да се оствари. Многу играчи го менуваат својот клуб во текот на летото. Покрај тоа, како можете да ги играте најважните натпревари во сезоната кон средината на јуни, после долготраен прекин без целосен тренинг? Но, сепак не можам да замислам добро решение во ситуацијата во која сите се наоѓаме“, изјави Тофт.

Таа уште еднаш го потврди ствот на голем број ракометари кои не се сложуваат со тоа играчите кои ќе направат трансфери во летото да ги пропуштат најважните натпревари со своите сегашни клубови.