Фарски Острови направија сензација против „лалињата“ и го сруши сонот за полуфинале на Македонија

Првиот услов од двата што требаше да се исполнат за Македонија да игра полуфинале на ЕХФ шампионатот, не беше исполнет, па нашите младинки ќе се борат за пласман од 5 до 8 место.

Фарски Острови направија сензација против Холандија и славеше со убедливи 22-29, а островјанките уште по првиот дел ја најавија победата кога беше 8-17.

Македонија сега ќе мора да слави против Косово за да ја задржи третата позиција во групата 2, а најмногу може да стигне до петтата позиција на овој ЕХФ шампионат.

Последниот натпревар против Косово се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот.

Фарски Острови го освоија првото место во групата со седум бода, додека Холандија е втора со шест и овие две селекции ќе играат во полуфиналето против Полска и Белорусија.