ФАНТАСТИЧНА ПАРТИЈА: Никола Костески даде 17 гола за Плзен!

Македонскиот интернационалец Никола Костески продолжува со одличните партии во чешкото првенство.

Тој одигра фантастично  на дуелот што Плзен го доби против Фридек Миштек со 34-28 и постигна 17 погодоци, од кои пет беа од пенал.

Десет од погодоци ги постигна во првото полувреме во периодот кога Плзен ја преземаше контролата на мечот.

Плзен сега има три победи на три натпревари, а во следното коло го дочекува на домашен терен тимот на Нове Весели.