Украински тренер почина во сала пред натпревар!

Трагична вест го потресе украинскиот ракомет изминатиот викенд, по смртта на тренерот на Одеса, Михаил Шукин.

Смртта настапила дваесетина минути пред стартот на натпреварот од украинскиот шампионат на неговиот тим Одеса при загревањето на играчите.

Медицинскиот тим во салата веднаш се обидел да го спаси животот на Шукин, но обидот бил неуспешен.

Шукин имаше 64 години и целиот живот му го посвети на ракометот. Под негово водство, Одеса направи историски резултати.

Со него на кормилото, Одеса освоои титула во 2018 година, беше финалист на Купот на Украина во 2020 година, а три пати го водеше тимот во Европскиот Купот во 2020, 2021 и 2022 година.