Украина се измачи на Фарски Острови, едвај дојде до победа

Репрезентацијата на Украина триумфираше на гостувањето на Фарски Острови со 26:25 во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Украинците уште во првиот дел обезбедија залиха која беше доволна за конечен триумф на овој натпревар. На полувреме гостинскиот тим имаше водство од 16:11.

Во продолжението ракометарите на Фарските Острови одиграа поквалитетно и беа на чекор до изненадување, во финишот имаа само минус еден негатива, но не успеаја да избегнат пораз.

Со оваа победа репрезентацијата на Украина се зацврсти на втората позиција на табелата зад Русија, а пред Чешка и Фарските Острови.