Тројца се жалат на повреди, еден од нив е на рехабилитација во Скопје

Овој дел од подготовките на Македонија минаа со мали проблеми, а двајца од нив не можеа да одработат според планот. Велковски не беше дел на двете средби против Кувајт, додека Маркоски мораше да биде вратен во Скопје на рехабилитација со надеж дека ќе биде подготвен за настап на Европското првенство.

Третиот ракометар кој се жали на повреда е Филип Кузмановски, кој пристигна после завршувањето на обврските во Бундес лигата.

„Мартин Велковски е повреден и се надевам дека брзо ќе заздрави. Никола Маркоски беше 2-3 дена со нас во Маврово, но моравме да го пуштиме во Скопје на рехабилитација. Филип Кузмановски, ни се приклучи вчера и дојде со проблеми со половината. Миркуловски и Пешевски се придружија денеска. Тие ќе работат 2-3 дена само со нашиот кондициски тренер, но им треба одмор“, вели Лазаров во изјава за 24 Ракомет.

Подготовките во Маврово привршуваат, а после новогодишната ноќ тренинзите продолжуваат во Скопје.