„Тренерите грешат со Неагу, никој не најде начин како да не зависи од неа“

Екипата на ЧСМ Букурешт сезонава важеше за еден од кандидатите за пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта, но на крајот не успеа да стигне дотаму бидејќи прерано го напушти натпреварувањето од Лигата на шампионите.

Составот на ЧСМ Букурешт загуби од ЦСКА Москва, а многумина причината за отпаѓањето ја наоѓаат во првата ѕвезда на тимот Кристина Неагу, односно од тоа колку играта на тимот зависи од една од најдобрите ракометарки во светот во моментов.

„Кристина Неагу е родена како победник, но ракометот е тимска игра. Со нејзиното доаѓање во Букурешт во 2017 година играта целосно се промени. Со Неагу клубот стигна на Ф4 во Лигата на шампионите само во 2018 година, а само еднаш ја освои и шампионската титула. Дури и ако во Букурешт има добри ракометарки во секоја сезона, играта на тимот се одредува според Неагу. Неколку натпревари оваа сезона се доказ за тоа. Неагу постигна гол во последната секунда, а клубот победи. Против Ференцврош, одигра слабо и загубија. На реваншот против ЦСКА Москва, ЧСМ Букурешт го пропушти местото на Ф4 иако Неагу блескаше. Сепак, таа беше принудена да реши сè сама во нападот. Ниту еден тренер на ЧСМ Букурешт не успеа да ја намали зависноста на клубот од Кристина Неагу“, вели аналитичарот Коста Прун.

Колку има вистина во ова знаат најдобро во тимот од Романија, но податоците кои ги дава аналитичарот дефинитивно упатуваат кон тоа дека играта е под голема зависност од формата на Неагу.