Трајковски и Чурлевски најдобри на теренот, СИФ со драматична победа над Талин

Тимот на Сјундеа ИФ, каде што настапуваат македонските интернаионалци Игор Трајковски и Филип Чурлевски, забележа победа во финскиот шампионат.

Во натпреварот од 5. коло, СИФ на домашен терен во драматичен натпревар славеше над тимот на Талин со 26-25, најмногу по заслуга на македонските ракометари.

Организаторот на играта Чурлевски беше најдобар стрелец со седум погодоци, додека кружниот напаѓач Игор Трајковски даде шест погодоци и беше незаменлив во одбраната.

СИФ сега има 4 бодови и се наоѓа на делба на четвртото место на табелата.