ТРАНСФЕР МАРКЕТ: ЦСКА ги задржува најдобрите, Милета оди во Татабања, Маслова го замени Мец за Брест

  • Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, ги продолжи договорите со Екатерина Илина, Полина Горшкова и Анастасија Кулак. Трите ракометарки во московската екипа ќе останат уште најмалку една сезона.
  • Десното крило на Нексе, Фран Милета би можел да го напушти хрватскиот вицепрвак и во следната сезона да го има првиот интернационален предизвик. Според информациите на хрватскиот портал Germanijak.hr, Милета кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот суперлигаш Татабања, каде што друштво ќе му прави на неговиот сонародник Матео Мараш.
  • Репрезентативката на Русија, Валерија Маслова на лето ќе го замени Мец со Брест Бретањ. Маслова во екипата на Брест Бретањ ќе настапува до 2025 година. Русинката во својата кариера играше и за ЦСКА Москва, Ростов Дон и Будуќност.
  • Повремената репрезентативка на Норвешка, средниот бек Миа Свеле по три сезони минати во Данска, поточно во Никобинг, во следната сезона се враќа во тимот на Сторхамар, клуб кој учествуа во Лигата на шампионите.
  • Некогашната голема надеж на Мелсунген, Оле Преглер повеќе нема да биде под палката на овој клуб. Иако младиот лев бек со Мелсунген имаше договор до јуни, 2024, сепак, двете страни спогодбено ја раскинаа соработката. Преглер настапува на позајмица во Гумерзбах.