ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Иконата на Келце има нов клуб, Порто донесе засилување од Бундес лигата

  • Иако најавуваше крај на кариерата, десното крило на бразилската репрезентација Александра До Насименто, потпиша договор со француската екипа Бур Де Пеж, каде што игра уште една ветеранка, Марта Манге.
  • Долгогодишниот дефанзивец на унгарскиот ПИК Сегед, Ален Блажевиќ, потпиша договор на три сезони со романскиот тим Констанца, кој е предводен од екс стратегот на Еурофарм Пелистер, Ѓорѓе Чирковиќ.
  • Словенката Нина Зулиќ, која игра на плејмејкерската позиција и досега беше членка на шампионот Крим, ќе го има првиот интернационален предизвик откако потпиша за турскиот Кастамону.
  • Иконата на полскиот првак Келце, левото крило Матеуш Јахлевски, откако замина од овој тим по 14 години, потпиша за тимот на Вибжеже Гдањск и нема да ја заврши кариерата како што имаше најави.
  • Бешикташ, иако аплицираше за место во Лигата на шампионите, реши да се раздели со последните двајца интернационалеци. Црногорецот Марко Ласица и Хрватот Мијо Томиќ не се повеќе си заминаа од турскиот шампион.
  • Португалскиот шампион Порто најде замена за пикерот Алексис Боргес кој замина во францускиот Монпелје. Во Порто доаѓа германскиот интернационалец од Штутгарт, Мануел Шпат.