ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс член на Вардар и Пелистер заминува од Словенија, Будуќност со засилување од Трета лига

  • 17-годишната ракометарка Анастасија Марсениќ е најновото засилување за црногорскиот шампион Будуќност. Десното крило потпиша договор на една година, а досега играше за данскиот третолигаш Вирум.
  • Тимот на Динамо Букурешт се засили со двајца ракометари кои досега играа за големите ривали. Од Баја Маре доаѓа 22-годишното левото крило Тудор Ботја со договор на две години, а од ЧСМ Букурешт доаѓа плејмејкерот кој има 22 години, Октавијан Бизеу.
  • Откако го донесе ветеранот Гарсија Робледо, тимот на Грањолерс поптиша договор на две години и со Ориол Реј. Шпанскиот пикер се враќа во татковината по настапите во Франција за Ница и Екс ан Прованс.
  • Поранешниот десен бек на Вардар Јуниор и Пелистер, Ристо Вујачиќ, по три сезони минати во словенечкиот РИКО Рибница, заминува од клубот и во следната сезона ќе има нов предизвик.
  • Турскиот шампион Кастамону, кој се пријави за настап во Лигата на шампионите следната сезона, го продолжи договорот со капитенот Серпил Искендероглу на една сезона. 37-годишниот плејмејкер игра за Кастамону од 2015 година.