Трагедија во Данска – почина ракометен работник на 52 години!

Трагична случка го потресе данскиот клуб Скандерборг, почина генералниот директор на клубот Торбен Ваевер почина на 52 годишна воозраст.

Со големо жалење клубот оваа информација ја објави на својата официјална веб страница.

„Со голема тага мораме да објавиме дека генералниот директор на нашиот клуб Скандерборг, на 30 јуни почина во болницата Скејби. Тој претхоно на 23. јуни доживеа крварење на мозокот. За нас беше најважно што на прво место беше грижата и почитта на семејството, клубот мораше да биде во втор план во оваа ситуација“, се вели во соопштението на клубот.

Ваевер беше клучен човек за формирање на академијата на клубот која е една од најдобрите во Данска. Во 2012 година тој беше прогласен за најдобар предводник на еден клуб.